-->
-->
Одбележан денот на пожарникарството
-->

Во противпожарната станица во Автокоманда денеска беше одбележан 20 Мај - Денот на пожарникарството. Прославата почна со свечено постројување на скопските пожарникари, а командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Благоја Менковски, поднесе рапорт пред секретарот на Град Скопје, Марјанчо Тодоровски.
- Градот Скопје во континуитет вложува многу ресурси и енергија за опремување и модернизација на противпожарната бригада на Град Скопје. Во 2011 година за бригадата се набавени три нови противпожарни возила за гаснење пожари во урбана средина. Едното противпожарно возило е набавено од Градот Скопје, а две се донација од Владата на Република Македонија. Градот Скопје за набавката издвои околу 13.600.000 денари. Изминатата година набавени се 2 превозни моторни пумпи за црпење вода со капацитет од 8.830 литри во минута, за што се одвоени 2 милиона денари, истакна Тодоровски.
Информира дека за оваа година е предвидена набавка на автоцистерна со капацитет од 16 кубни метри, а деновиве се гради и нов објект во општината Ѓорче Петров, каде што ќе бидат сместени полициска станица и новиот потцентар на Бригадата за противпожарна заштита.
Командантот Менковски изјави дека 2016 година ќе биде запаметена како значајна година за пожарникарството, пред се поради измените во Законот за пожарникарство, со кој конечно се решава статусот на професионалните пожарникари. Со новитетите во овој закон, пожарникарите добиваат статус на овластени службени лица од областа на безбедноста, каде поради условите на работа, тежината, опасноста и штетноста по здравјето, согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, стажот на осигурување ќе се смета со зголемено траење, односно за секои 12 месеци ефективна работа, ќе се сметаат како 15 месеци стаж на осигурување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Земјотрес со магнитуда од 6,9 повторно ја погоди Индонезија, втор силен потрес во еден ден
-

ПФЛ: Победи за Силекс и Шкендија Арачиново
-

Хју Хефнер го пријавувал Епстин во ФБИ уште во 2005 година
-

Лишено од слобода лице од Германија, возело со брзина од 203 километри на час на автопат
-

Земјотрес почувствуван во Гостивар и околината
-

Групна тепачка во Шуто Оризари поради присилно дрогирање со марихуана на малолетничка
-

Едно лице измамено во Делчево, штипјанец набавил од него 2.580 тони сливи и не му платил
-

Премиерот Мицкоски најавува три нови инвестиции оваа есен
