Македонија
20. May 2016 - 13:15

Одбележан денот на пожарникарството во Кочани

Територијалната пртивпожарна единица од Кочани денеска на пригоден начин го одбележа 20 мај денот на пожарникарството. По тој повод претседателлот на Советот на општина Кочани Јордан Димитриов и преставници од општината ја посетија единицата и на пожарникарите им го честитаа празникот.

- Задоволство е што имаме противпожарна единица која со своето работење достоинствено придонесува и гради доверба кај жителите на Кочани. Настојувањата на Општина Кочани и на Советот на општината се насочени кон целосна подршка за изградба на квалитетна противпожарна служба,по европски терк чија основна цел е превентивата, истакна Јордан Димитров претседател на Советот на општина Кочани.
 
Командирот на Кочанската територијална единица Дејанчо Арсов истатакна дека минатата година се регистрирани 238 интервенции и нивниот број е за 30 проценти повеќе од предходната година. Покрај временските услови како причина за јавувањето на пожарите е и човечкиот фактор. Единицата е кадровски екипирана и технички подготвена за дејствување на територијата на општините Кочани, Зрновци и Чешиново Облешево.