Одбележан Денот на планетата Земја

Под мотото „Дрвја за планетата Земја“ денеска во основното училиште „Партениј Зографски“ во населбата Кисела Вода се одбележа Денот на планетата Земја со засадување садници.
Алесандро Фракасети, заменик постојан претставник на УНДП во Република Македонија, по засадувањето на дрвце во дворот на улилиштето истакна дека со денешната кампања за планетата земја се засадуваат дрвја за иднината. На целата планета, рече тој, ќе се засадат осум милиони дрва. Потенцира дека УНДП секогаш ќе дава поддршка за справување со климатските промени.
Фракасети потсети дека денеска 187 држави меѓу кои и Македонија ќе го потпишат договорот од Париз.
Теодора Грнчарова од Министерството за животна средина и просторно планирање порача дека само со заеднички акции е можно да се даде одговор на предизвиците како што се климатските промени. Секторот шумарство, рече таа, е најобработуван во сите национални извештаи.
- Тој е еден од секторите кој е апсорбер на стакленичките гасови, а од друга страна преку пожарите влијае врз емисиите на стакленички гасови, појасни Грнчарова и додаде дека со правилно насочување на овие два аспекта може да се адресираат климатските промени.
Во рамки на одбележување на Денот на планетата земја во дворот на училиштето учениците имаа еколошка ликовна изложба, предавање за климатските промени во Зелениот камион и интерактивна работилница за социјални иновации кои ги адресираат климатските промени.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Менаџерот ја има клучната улога во угостителскиот сектор
-

Во недостиг на ученици започна борбата кај средните училишта кој да запише повеќе ученици
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
