Одбележан денот на Општина Тетово
Со свеченост што се одржа во салата од Советот на општината денеска беше одбележан 3 - март денот на Општина Тетово.
По овој повод обраќање имаше градоначалничката на општината Теута Арифи која посочи дека 3. март преставува посебен ден за Општина и значаен датум во календарот на празниците. Таа се осврна на постигнатите резултати на локалната самоуправа во текот на минатата 2015 та година.
- Како успешно за минатата година го оценуваме напредувањето на работите околу изгрдбата на водоводот бидејќи останаа уште 1,2 километри, а веќе се завршени 7 километри од главниот цевковод. Имавме и многи инвестиции во патната инфраструктура, а тука е и започнувањето со работа на општинското јавно претпријатие за паркинзи што многу придонесе за намалување на сообраќајната гужва во центарот на градот. Ја искористив и денешната можност да им се заблагодарам и на сите институции и поединци за помошта во тешките денови од август кога имавме поплаки. За нас е значајно со истата динамика да продолжиме и во оваа година, изјави градоначалничката Арифи.
Тетовската локална самоуправа по повод денот на општината додели награди на личности, здруженија и организации кои со својата работа се истакнале во повеќе области и постигнале резултати од општествен интерес и за афирмација на градот и општина Тетово.
Овој општински празник се празнува откако во 2003 година, како ден на општина беше прогласен 3 март, датум на кој во 1992 година беше конституиран првиот повеќепартиски општински совет.
Ново на Сител
-
Во пожар изгоре штала од коњички клуб во Неготино, коњите се спасени
-
Уапсено лице за фалсификување монети во акција на македонската и косовската полиција
-
Ѓоковиќ сака да настапи на ОИ 2028
-
Приведено 20-годишно лице од Скопје, барано со потерница за казна затвор
-
Тепачка меѓу 12 лица во Скопје, биле користени и тврди предмети
-
Целосно изгоре викендица во скопско Волково
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница
-
Хоспитализирани уште три лица со голема кашлица, вкупно 981 случај во државава