Одбележан Денот на независноста во Тетово
Повеќе организации, политички партии и граѓани од Тетово присуствуваа на денешното одбележување на државниот празник 8 Септември - Денот на независноста на Македонија што во организација на општинската организација на Сојузот на борци се одржа кај Споменикот на револуцијата во центарот на градот. За значењето на празникот пригоден реферат прочита членот на Сојузот на борци од Тетово Стојан Петрушевски.
- Македонскиот народ отсекогаш се борел за создавање на сопствена држава, а жртвите на голем број генерации за тоа се огромни. Конечно со победоносната Народноослободителна и антифашистичка војна создадена е за првпат слободна, современа македонска држава - рамноправна членка на југословенската заедница. По познатите настани на почетокот од деведесеттите години од минатиот век дојде до израз силниот национализам и нетрпеливост кај раководствата од некои републики на Југославија што подоцна доведе до крвава војна. Согледувајќи ја таквата состојба Република Македонија одлучи да прогласи самостојност и независност и тоа се случи на денешен ден 1991 та година кога со убедливо мнозинство 95 отсто од граѓаните позитивно одговорија на реферндумското прашање - Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?, истакна тој.
Додаде дека со прогласувањето на самостојноста и независноста Македонија испишала нова страница во својата историја и со тоа, како што рече, се отвориле перспективи за демократски односи и севкупен развој.
- Уследија наши барања за зачленување во ЕУ и НАТО но и покрај цврстата определба нашиот јужен сосед прави несфатливи пречки Македонија да стане членка на евроатлантското семејство. Вината не можеме да ја бараме само кај другите бидејќи државата подолго време се наоѓа во длабока политичка криза. Последните договори на најголемите политички партии даваат надеж дека истите ќе ги надмината личните и партиските интерси и оти енергијата ќе ја насочат кон државните, рече Петрушевски.
Во рамките на одбележувањето букети цвеќе на споменикот на револуцијата полошија делегации на општина Тетово, Сојузот на борци, командата на тетовскиот гарнизон на АРМ, здружението на резервни офицери, општинските претставници н политичките партии ВМРО ДПМНЕ, СДСМ и ВМРО НП, Здружението на трудови инвалиди, здружението на Срби и Македонци КУД Бранко Чајка и здружениејата на бранители Бедем и Македонски херои. ас/сст/12:46
Ново на Сител
-
Државна лотарија со караван ја носи новогодишната магија во Скопје
-
Уапсени 7 лица членови на групите Дуќанџик и Арачиново, пронајдени пари, оружје...
-
Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
-
Полицијата влезе во домот на Артан Груби
-
ДУИ: „Второто полувреме“ може да заврши со тежок автогол, приберете ги вашите министри и претставници
-
ЕУ засега не ја санкционира Грузија поради репресии
-
Има голема подготвеност за договор за прекин на огнот во Појасот Газа и кај Нетанјаху и кај Хамас, според посредници во преговорите
-
Лонгони најуспешни на екипното првенство во билијард