Одбележан Денот на македонската статистика

Државниот завод за статистика денеска го одбележа 1 јуни - Денот на македонската статистика со што ја прослави 71-годишнината од постоењето.
- Статистиката е многу повеќе од бројки: тоа е водење на официјалната статистика со прибирање, споредување, усогласување, анализирање, разменување и дисеминирање на податоци од најразлични области на социоекономскиот живот во повеќе од 300 статистички истражувања; тоа е фокусирање кон целта податоците што се користат да бидат точни, а применетата методологија сигурна за да се обезбедат најдобри можни информации за сите корисници; тоа е и координирање и воспоставување на стандарди за статистиките што се водат во други државни органи и институции, се наведува во соопштението.
Државниот завод за статистика напоменува дека сето тоа се должи на посветеноста на многуте генерации статистичари кои својот труд го вградија во она што е денес оваа институција.
Ново на Сител
-

Нова стратегија за развој на туризмот на југоистокот од земјава
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
