Одбележан Денот на јавните службеници – Мицкоски со порака дека државниот службеник претставува огледало на државата

Државниот службеник секаде и тука претставува огледало за тоа што претставува државата. Без силна, стручна, одговорна и почитувана јавна администрација, нема ниту држава, ниту реформи, ниту вистинска демократија, порача денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски на одбележувањето на Денот на јавните службеници во организација на Министерството за јавна администрација.
Во своето воведно обраќање, Мицкоски посочи дека денешниот ден не е само формалност, туку повик за реформи за како што рече, конечно надминување на болестите кои предолго ја разјадувале јавната администрација.
– Денешниот ден не е само формалност, тој е и повик. Повик за пресврт, повик за реформа, повик за конечно надминување на болестите кои предолго ја разјадуваа јавната администрација и за кои мораме да бидеме свесни: партизација, непотизам, неефикасност, клиентелизам. Дојде време за промена. Вистинска промена. Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа. За време во кое знаењето и трудот ќе бидат поважни од партиската книшка. За време во кое институцијата ќе служи на граѓанинот, а не граѓанинот на институцијата. За време во кое професионалноста ќе биде стандард, а не исклучок. За време во кое службеникот ќе биде горд што е дел од јавната администрација, а граѓанинот ќе знае дека ќе биде услужен со почит, ефикасно и дигитално, рече Мицкоски.
Се осврна на реформите направени во рамки на јавната администрација. Изминатата година, тој нагласи дека има започнато акцијата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“ за која, рече, претставува основа за транспарентен и одржлив процес на консултации при изработка на законите. Истакна дека е направена корекција на балансерот, за што рече, од политичка алатка е трансформиран во инструмент на праведност.
– Реализирани се над 100 обуки, а преку новата е-платформа LMS, над 100.000 службеници имаат пристап до курсеви, тестирања и евалуации. Се дигитализираше и надгради Системот за управување со човечки ресурси – ИСУЧР, со што за прв пат институциите имаат реална, точна и целосна слика за кадарот, учинокот и потребите. Се усвои стратегијата за реформа на јавната администрација, усогласена со методологијата на ЕУ и стандардите на СИГМА – стратегија што не стои во фиока, туку се применува секојдневно … Правевме корекција на балансерот – од политичка алатка, го трансформиравме во инструмент на праведност. Праведност наместо политичка математика. Се унапредија порталите ЕНЕР и OGP – овозможувајќи на граѓаните директно учество во креирање и следење на политиките. Родовата еднаквост и социјалната инклузија се интегрирани како норма во сите политики – не како привремена агенда, туку како вредност на оваа Влада, рече Мицкоски.
Министерот за јавна администрација Горан Минчев, посочи дека по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на јавните службеници и јавната служба, денеска се одржуваат панел дискусии на тема „Модерен јавен сектор“ и „Управување кон промени“.
– За првпат во Македонија, го одбележуваме Меѓународниот ден на јавните службеници и на јавната служба, симболичен, но и суштински важен момент, којшто се совпаѓа со една година мандат на оваа Влада. Како што може да забележите, денот го одбележуваме не само со свеченост, туку и работно, со организирање на две панел дискусии, со две многу важни теми, а тоа е модерен јавен сектор и управување кон промени, којшто, всушност, се на реформската агенда на Министерството за јавна администрација. Кога велам реформската агенда, мислам на четири суштински предлог закони, кој што треба да значат пресвртница во реформа во јавната администрација и веќе се во собраниска процедура. Јас многу пати до сега имам кажано дека јавните службеници, јавната администрација се крвотокот, столбот, главниот двигател на промените во државата, рече Минчев.
Ново на Сител
-

Путин: Русија ќе одговори на украинскиот напад врз интернатот во Старобелск
-

Муцунски до Петрова: Потребно е решение за билатералното прашање, македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори
-

Конференција: Жените и понатаму се одговорни за најголемиот дел од неплатените обврски за грижа, што го ограничува нивното учество на пазарот на труд
-

Сали од Брисел: Силна посветеност за унапредување на македонската евроинтеграција и спроведување на клучните реформи
-

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот
-

Идната недела ќе се знае кога ќе биде спроведена тендерската постапка за монтажните гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
-

Гаши: Односите со Ватикан се беспрекорни, клучни столбови на кои се темелат се Кирил и Методиј, како и Мајка Тереза
-

Министерство за транспорт: Поништена јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи
