Одбележан денот на батаљонот за врски при АРМ

Со воени почести во кругот на касарната Илинден во Скопје денеска беше одбележан Денот на батаљонот за врски „21 Октомври“
Заменик на командантот на ЗОК, бригадниот генерал Павле Арсоски истакна дека батаљонот за врски пред се е единица која обезбедува комуникациски командна поддршка на командите и единиците на Република Македонија на стратегиско оперативно рамниште за непречено и ефикасно функционирање на системот на командување и контрола.
- Батаљонот за врски е единица која поседува софистицирана опрема од висока технологија и како таква го претставува родот врски како еден од најдобро опремените родови во АРМ во кој континуирано со години се вложуваат големи финансиски средства, рече Арсовски и додаде дека припадниците на батаљонот за врски се познати во АРМ како високо обучени професионалци кои нивната одговорна работа ја извршуваат многу совесно.
Според него ефектите од нивната работа ја чувствуваат сите припадници на АРМ во мирновремените локации, на вежбовните активности, во кризните реони на Републиката, но и во операциите надвор од нашата држава.
- Во изминатата година одбележана со мигрантската криза припадниците на батаљонот за врски континуирано се ангажираа во составот на силите на Армијата за поддршка на МВР во зачувувањето на стабилноста и безбедноста на нашата држава. Изминатово лето баталјонот за врски заедно со останатите единици на Армијата ја покажа и својата хуманост и подготвеност ангажирајќи се во справувањето со поплавите во Скопскиот регион и во обновувањето на последиците од истата, истакна Арсовски.
Командантот на батаљонот потполковник Драган Ѓорѓиевски во својот говор пред присутните рече дека баталјонот за врски е одговорен за воспоставување и одржување на врските со потребите на Генералштабот на АРМ.
- Батаљонот за врски обезбедува комуникациско-информатичка поддршка, команда, контрола од стратегиско и оперативно ниво и е непосредно е одговорен за воспоставување и одржување на врските со потребите на Генералштабот на АРМ, па оттаму и неговата аналогија за поверенство, за врски формирано во периодот на НОБ, истакна Ѓорѓиевски.
Затоа, рече тој, денот 21 Октомври го поставуваме како Ден на баталјонот за врски, што како најголема единица за врски во АРМ ги продолжуваме традициите на врскарите од НОБ.
- Со својата формациска поставеност и техничка опременост Батаљонот за врски се основен носител на врските за потреба на ГШ на АРМ, ЗОК и АРМ воопшто. Неговите почетоци се врзани со формирањето на АРМ во 1992 година и оттогаш па до денес во него свој белег оставиле голем број високостручни и професионално изградени старешини и цивилни лица оспособувајќи илјадници војници – врскари од сите специјалности за извршувањето на мисијата на Батаљонот за врски, истакна Ѓорѓиевски.
Мисијата на батаљонот за врски е обезбедува комуникациско-информатичка поддршка за команда и контрола на стратегиско и оперативо ниво. Со стационарен и мобилен дел обезбедува поврзување помеѓу командите и единиците. Во случај на природни и други несреќи обезбедува непрекината работа на комуникациски и информацискиот систем.
Ново на Сител
-

Алиу: Владата ја усвои информацијата за формирање центар за итна медицинска помош во Скопје со цел поефикасен итен медицински одговор
-

Во Србија легално во моментот се 100.000 странци, а само 160 бегалци во прифатни центри
-

Кривична за доктор и медицинска сестра, се обиделе да шверцаат ботокс преку пошта
-

Лавров не ја гледа ЕУ како соодветен партнер за мировни преговори
-

Поранешните директори на Онкологија Васев и Нухи излегуваат од притвор, прифатена гаранцијата со хипотека на имот
-

Повторно судири меѓу Израел и Хезболах во Либан, загрозен мировниот договор меѓу Иран и САД
-

Белгија увезува повеќе руски гас од пред војната, независно санкциите на ЕУ
-

Провери пред да купиш: АЕТМ објави ажуриран Регистар на е-трговци за превенција од измами
