Од утре затворена за сообраќај делницата Куманово-Опае
На Регионалниот пат Р2133, делница Куманово – Опае, ќе се изведуваат асфалтерски работи, поради што ќе се изврши затворање на сообраќајот од 29 јули (понеделник) до 31. јули (среда) во времетраење од 09:00 до 18:00 часот.
Патниот правец А3 Кочани – Делчево кај Истибања – брана Калиманци км. 259+300 е отворен за сообраќај по една коловозна лента.
Како што информираат денеска од АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица се чека околу 30 минути, на другите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-
Герасимовски: Поставени шест куќи засолништа за бездомни животни во Паркот на Франкофонијата
-
Трамп: Кина мора да ги снабдува САД со магнети или ќе се соочи со царини од 200 отсто
-
Приведен 18-годишник од Кичево, удрил во пешак кој подоцна починал
-
Поп Ацев е петтиот Македонец што го преплива Ла Манш
-
Сибиха: На Украина ѝ се потребни воени и дипломатски гаранции
-
Сто и петнаесет години од раѓањето на Мајка Тереза - светицата на бедните
-
Без струја делови од Центар и Карпош
-
Доделување на државната награда „Мајка Тереза“