Македонија
5. September 2019 - 18:05

Од утре затворен за сообраќај патот кон Теферич

Патот што води кон населеното место Теферич утре од 9 часот до понеделник до 9 часот ќе биде затворен за сообраќај поради изведба на градежни работи, информираат од Општина Кисела Вода.

Од локалната самоуправа ги повикуваат учесниците во сообраќајот да имаат трпение и разбирање додека се одвиваат градежните активности на патот.