Од утре времен режим за тешки товарни возила во летниот период
Од утре почнува да се применува времен режим на сообраќај во летниот период на државните патишта во Република Македонија со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса намдинува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Забраната важи во периодот од 17 до 22 часот во петок, од 9 до 18 часот во сабота и од 9 до 22 часот во недела.
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11 до 17 часот.
- Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта, се вели во соопштението од АМСМ.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје-Охрид-Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите и тоа во петок од 15 до 22 часот, сабота од 7 до 12 и од 18 до 24 часот и недела од 7 до 22 часот.
Времениот режим за сообраќај на тешки теренски возила ќе трае до 1 септември.
Ново на Сител
-
Предложен притвор за осомничен за четири тешки кражби
-
107 санкции за непрописно вградени фолии и користење на т.н. флешери
-
ЕСМ и натаму ќе снабдува по иста цена
-
Клековски: Формирана е работна група за следење на напредокот при лекувањето на пациентите од Кочани
-
Саити: Црвен крст досега исплати 107 милиони денари за повредените во Кочани, остануваат 49 милиони што ќе се исплатат наскоро
-
ЈСП - Скопје: За продолжениот викенд неделен возен ред
-
Приведена 65-годишна штипјанка, го принудувала внукот да питачи во Дебар
-
Физички нападнат 30-годишен велосипедист во подрачјето на Карпош