Балкан
9. October 2016 - 15:51

Од утре во сила ограничувања во сообраќајот во центарот на Атина

Ограничувања за возилата кои влегуваат во централниот дел на Атина, влегуваат во сила од утре, 10 октомври, пишува. „Катимерини", повикувајќи се на соопштение на властите.

Возилата со регистарски таблички кои завршуваат со парни броеви можат да влегуваат во центарот на градот на парните датуми во месецот, додека оние чии регистарски таблички завршуваат на непарни броеви имаат право да влегуваат на непарните датуми.

Ограничувањата ќе бидат отстранети на 21 јули 2017 година, прецизираа властите.