Од утре трепкаво зелено светло на семафорите во Скопје
На крстосниците на подрачјето на Град Скопје утре ќе почне воведување трепкаво зелено светло на семафорите согласно Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.
Во наредните петнаесетина дена, како што соопшти Град Скопје, трепкаво зелено светло ќе се воведе на сите семафори во Скопје, а на терен ќе работат екипите на ЈП „Улици и патишта“.
Според Законот, трепкавото зелено светло се воведува за предупредување на учесниците во сообраќајот дека завршува зеленото светло и слободното минување и дека ќе се вклучи жолто, односно црвено светло.
Трепкавото зелено светло се воведува за да се овозможи дополнително информирање на возачите, кое ќе придонесе за зголемување на безбедноста на семафоризираните крстосници на подрачјето на градот Скопје.
Од Градот Скопје ги потсетуваат возачите дека согласно Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата жолтото светло означува забрана за минување, освен за возилата кои во моментот кога ќе се појави жолто светло се наоѓаат на таква оддалеченост од светлосниот знак што не можат на безбеден начин да запрат, а да не го поминат тој знак.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Наќе Чулев, поранешен министер за внатрешни и поранешен директор на АР
-
Филипче: Разбирам зошто граѓаните се загрижени, но ЕУ процесот мора да продолжи
-
Студентите бараат зголемување на износот за субвенциониран оброк
-
Екс директорот на АНБ негира незаконско следење на комуникации, Мицкоски вели - сите ќе одговараат
-
Се води истрага кој го подметнал пожарот на Вардариште, надлежните си ја префрлаат одговорноста
-
Почна селекцијата за судија во Стразбур
-
Две години затвор за Љамалари за нападот врз градоначалничката Арсовска
-
На Татјана Димитровска ќе ѝ се суди во одделна постапка од „Адитив“