Од утре откуп на лубеници од производителите кои не исполнуваат услов за дополнителни субвенции
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе им излезе во пресрет на производителите на лубеници кои поради нерешени имотно-правни односи, не ги исполнуваат условите за дополнителната субвенција од два денара.
Како што соопшти денеска ресорниот заменик-министер Власте Димковиќ, откупувачите уште утре ќе почнат со откуп на одредени количини лубеници од оваа категорија производители.
- Министерството ќе им помогне на производителите во решавањето на проблемот со откупот. Веднаш стапивме во контакт со откупувачите и уште од утре тие се подготвени да откупат одредени количини лубеници. Со производителите што присуствуваа на средбата е договорено да направат список, кои земјоделци се најзагрозени и треба да имаат приоритет при откупот, истакна Димковиќ.
Тој нагласи дека надлежните постојано ја следат состојбата на терен.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Никола Димитров, екс министер за надворешни работи
-
Состојба со пожарите во Трубарево и Дрисла
-
Состојба со пожарите во Трубарево и Дрисла
-
Четири лица завршија на токсикологија од пожарот во Трубарево – утре ќе се знае колку и со што е загаден воздухот
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за пожарите и штетниот воздух
-
312 кандидати за градоначалници во 80 општини и Скопје, 18 се за главниот град
-
Сашко Јанчев од Левица удрил во двајца малолетници на мопед и е приведен во полиција
-
Хаос во образовниот процес во Кочани