Од утре онлајн-аплицирање за упис во средните училишта
За оптимизирање на процесот на уписи во средните училишта во државава, Министерството за образование и наука и оваа година овозможува дигитална услуга за електронско аплицирање.
-Аплицирањето нема да одземе повеќе од 15 минути. Пријавувањето на учениците ќе се врши преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk Регистрација на системот нема да биде потребна и најавата ќе се врши исклучиво со корисничките сметки на schools.mk Упатството за логирање / најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено со линк на страната за логирање / најава, соопштува МОН.
За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, порталот ќе биде отворен од утре, 10 јуни 2023, во 10.00 часот. Учениците ќе може да ги пополнуваат своите пријави (апликации) заклучно со 21 јуни 2023 гнајдоцна до 15 часот, по што системот ќе биде затворен за онлајн-аплицирање од ученици.
Во периодот додека системот за аплицирање е достапен за учениците, тие ќе можат да прават ажурирање, измени и дополнувања на своите пријави и да имаат увид во вкупниот број на поени од успехот, без поените од дипломите.
Валидација на дипломите и внесување на поени од дипломите вршат комисиите од средните училишта.
Прелиминарната ранг-листа на запишани ученици ќе биде објавена на 22 јуни 2023 на интернет- страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk, односно на https://e-uslugi.mon.gov.mk најдоцна до 9 часот.
Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 22 јуни од 12 до 19 часот и на 23 јуни од 7 до 19 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.
Ново на Сител
-
Поради магла намалена видливоста на патните правци околу Битола и на патот Тетово – Попова Шапка до Гајре
-
Реакција на Здружението на социолози на новата Нацрт-концепција за гимназиско образование
-
Началникот на француската жандармерија оцени дека постои можност за вооружен конфликт во земјата
-
На УКРО лани новорегистрирани 73 лица со рак на грло на матка, најмалку во последните десет години
-
12-годишник и го нападнал синот на Скопјанка, таа го однела дома и го држела одреден период
-
Во Кисела Вода пронајден починат маж на автобуска постојка
-
Турчинка физички нападната од такси возач во Скопје
-
Мицкоски: Не може да има промена на имиња на улици без консензус