-->
-->
Од утре околу 100 вработени во Водовод ќе останат без работа
-->
Околу 100 вработени во ЈП Водовод и канализација од утре ќе останат без работа затоа што утре им истекуваат договорите и истите нема да им бидат продолжени. Ваквата одлука доаѓа откако градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска го разреши директорот на комуналното претпријатие од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Златко Перински, а на негово место го постави Марјан Митовски.
Перински беше разрешен со образложение дека влијаел на тендерот над 100 милиони евра за изградба на пречистителна станица во Скопје, додека тој обвини за несоработка од страна на Арсовска.
По ова оставки поднесоа и генералниот секретар на градот, директорите на паркинзи и на депонијата Дрисла.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
