Од утре нема онлајн обложување
Од утре веќе нема онлајн уплати во домашните обложувалници. Истекува рокот на уредбата со која кладилнците шест месеци имаа можност да органзиаираат онлајн обложување. Од секторот велат дека ако државата не овозможи и во иднина да има уплати на ваков начин, ризикува да изгуби 100 милиони евра, пари кои во моментов се неопходни.
Онлајн обложувањето е на самиот почеток. Луѓето повторно ќе се насочат кон странските сајтови, а загубите за државата би биле од 40 до 50 милиони евра на годишно ниво. Затоа бараме итно имплементирање на уредбата во законот за игри на среќа. Владата имаше време шест месеци да го стори тоа и покрај нашите апели никој немаше слух за тоа, вели..
Од асоцијацијата велат дека преку онлајн уплатите од мај до декември во буџетот се слеале близу 2 милиони евра, а кладилниците биле растеретени од гужви.
Од Министерството за финансии засега нема одговор дали ќе се превземе нешто, за да можат граѓаните и натаму ливче да уплаќаат онлајн или љубителите на овој тип игри на среќа ќе мора да дојдат на шалтер.
Инаку со почетокот на пандемијата кладилниците беа меѓу првите кои ставија клуч на врата и тоа два месеци, но и први добија дозвола за работа. И покрај прокнижените загуби велат дека успеале да ги задржат сите вработени. Во обложувалниците и казината во земјава работат 12 илјади работници.
-

Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар
