Од утре летен режим за сообраќај за тешки товарни возила
Поради сообраќајна несреќа на регионалниот пат Маврово - Дебар, кај месноста Сенечки ливади, сообраќајот за тешки товарни возила е во прекин, додека патничкиот сообраќај се одвива непречено.
Како што соопшти АМСМ, од утре до 31 август на државните патишта во земјава се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на викендот и за денови при екстремно високи температури. Забраната се однесува за следните термини: петок од 17:00 – 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали: петок од 15:00 до 22:00 часот, сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и недела од 07:00 до 22:00 часот.
Од АМСМ информираат дека поради асфалтирање на патниот правец Брезница – Македонски Брод низ НП „Јасен“ денеска се забранува секаков вид на сообраќај во период меѓу 8:00 и 15:00 часот. По завршување на работите сообраќајот ќе се одвива според стандардните термини.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Ново на Сител
-

Просечната плата во септември зголемена за 156 денари, статистика пресмета дека изнесува 45.466 денари
-

Продавачите на стари книги ќе мора да ги напуштат тезгите од кеј до среда
-

Вештачката интелигенција навлегува и во медиумите
-

Македонците во Неиве слават 20 години духовен дом - празникот Св. Архангел Михаил ги обедини сите
-

Украина го доби, Русија го чека мировниот план на САД
-

Антикорупциска добива нов претседател на местото на Татјана Димитровска
-

Министерот Алиу презентираше анализи за застапеноста на кадрот во овој сектор
-

Општините се фузираат за да превенираат пожари на отворено
