-->
-->
Од утре дестабилизација на времето
-->
Циклон од Северозападна Европа овој викенд ќе влијае на времето и тоа особено во текот на утрешниот неделен ден.
До крајот на сабота, времето во државава ќе биде сончево и топло а особено во западните предели ќе има појава на умерена локална облачност и на планинските места ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени.
Во текот на утрешниот ден, времето ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност, а уште во претпладневните часови на запад ќе има услови за слаб локален дожд.
Веќе во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, минимални се условите и за редок град.
И во Скопскиот регион ќе има услови за локален дожд и појава на грмежи и тоа особено утре во попладневните часови.
Температурите на воздухот нема да се менуваат и ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени.
И на почетокот од следната недела ќе има услови за локална, особено изолирана нестабилност а исто така ќе остане и релативно топло за овој дел од годината.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Казнет и протеран од Косово брачен пар од Русија кој беше уапсен поради нелегален влез од Србија
-
Курти со опозицискиот лидер Красниќи разговарал за одржување предвремени избори во Косово
-
Бајден го потпиша законот за забрана за увоз на збогатен ураниум од Русија
-
Состојба на патиштата
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати