Од утре 25 словачки полицајци на македонско-грчката граница
На барање на министерот за внатрешни работи на Република Македонија утре во земјава ќе пристигнат 25 членови од полициската единица на Република Словачка кои ќе спроведуваат заеднички патроли со македонските колеги на македонско-грчката граница, информира Словачката амбасада во Скопје.
- Словачките полицајци ќе спроведуваат заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница со Грција, со цел заштита на границата, борба против криумчарењето и помош во управувањето на миграциските текови. Словачките полицајци ќе бидат опремени со осум теренски возила, термални камери и уреди за ноќно гледање. Мандатот на словачката полициска мисија ќе биде 30 дена со можност за продолжување, соопшти Словачката амбасада во Скопје.
Оттаму прецизираат дека со испраќањето на 25. полицајци Словачка ќе биде најголем придонесувач по глава на жител од шесте земји кои испратија свои полициски сили на македонско-грчката граница како израз на солидарност во решавањето на мигранстската криза.
Ново на Сител
-
МВР има нови осомничени за хибридни закани врз државата
-
Мицкоски по условната пресуда за Онкологија: Судиите и обвинителите не ги заслужуваат ниту овие плати
-
СДСМ бара оставка од министерката Јаневска, голем број ученици се уште немаат учебници
-
Експерти: Системската корупција останува проблем кој сериозно влијае на безбедноста на државата
-
Тутунарите се надеваат на добри откупни цени на тутунот
-
Повеќе од 5.000 апликации за земјоделски субвенции во Струмица
-
За три месеци 94 сообраќајни незгоди
-
Преглед на вестите од светот