-->
-->
Од удар на патничко возило, тешко повреден жител на село Пласница
-->
Во полициска станица Кичево вчера било пријавено дека на улицата „Рудничка“ во Кичево, патничко моторно возило марка „ауди а 3“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(45) од Битола, удрило во пешакот А.Џ.(22) од село Пласница, Македонски Брод.
Стефан Симоски од СВР Охрид информира дека во сообраќајната незгода пласничанецот се здобил со тешки телесни повреди што биле констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
-На местото на незгодата увид извишила полициска екипа од ОВР Кичево. Причините за сообраќајната незгода допрва ќе се утврдуваат, додаде Симоски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пронајдена марихуана при претрес во дом во Гостивар
-

Зголемена фреквенција на возила и поголем застој за влез во државата на граничните премини со Грција
-

Сончево и топло и следната седмица, поизразена локална нестабилност во среда и четврток
-

Пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина
-

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
