Од среда дожд и температура до 20 степени
Врнежи од дожд и намалување на температурата не очекува во среда и четврток. Метеоролозите највуваат пад на температурата на 20 степени задутре и пообилни врнежи во западна и југозападна Македонија.
Под влијание на влажен бран од Медитеранот од среда попладне и четврток наместа се очекува дожд над 30 литри на метар квадратен.
Темерпатурата во среда ќе се движи од 7 до 14 во утринските часови и максималната од 12 до 20 степени Целзиусови. Во четврток до 26 степени. Потоа следува период на стабилизирање и постепено затоплување на времето кое за викендот ќе биде до 30 степени.
Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален и кракотраен дожд, особено повеќе услови има во јужните и југоисточните делови на земјава. Наместа сеочекува да наврнат над 10 литри на метар квадратен. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, долж Повардарието повремено ќе се засилуа. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 31 степен.
Во Скопје максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци