Бизнис
10. December 2020 - 16:43

Од списокот на Битиќи „исчезнаа“ Пешевски и Миновски

Пешевски и Миновски исчезнаа од листата советници од економската платформа на Битиќи. Иако во записникот од првиот состанок стојат и имињата на економските министри од времето на ВМРО-ДПМНЕ, на списокот кој на ФБ го објави вицепремиерот Битиќи нивните имиња ги нема. Но дел од платоформата се и Виткор Мизо поранешен директор на ТИРЗ, Веле Самак пранешен министер за странски инвестиции, професори, економски аналитичари, и поранешни членови на СДСМ.

Битиќи информира дека станува збор за неформално тело и членовите за работат без надомест.

На првиот состанок имаше повеќе од 20 економски експерти од различни области. Сега веќе се пријавија уште десетина други што би сакале да учествуваат на наредните состаноци.

Експертите присутни на првиот иницијален состанок на платформата „За Татковината Со Љубов” се домашни професионалци од повеќе различни економски области, кои се подготвени да го стават својот капацитет во функција на државата. Тие доаѓаат од различни политички провениенции и економски школи, но заедничко за сите нив е што се отворени за соработка и совети во интерес на забрзан економски развој, долгорочно планирање на развојот на економскиот систем и доброто на државата.

Членовите во платформата „За Татковината Со Љубов” ова го прават волонтерскии јас сум благодарен што сите овие луѓе изразија подготвеност про-боно да одвојат време и да дадат совет, коментар, мислење или идеја во интерес на нашата земја. Засега планирана динамика на состаноци е еднаш месечно, напиша Битиќи на ФБ.

За опозицијата нејасно е како луѓе кои биле обвинети дека се дел од режимот, сега се ангажираат за советници во Владата.

Инаку, според информациите на Сител, пред одржување на првиот состанок, никој не знаел кој се ќе биде дел од ова тело. На платфромата Зум за првпат ги виделе имињата на Пешевски и Миновски. Како што дознаваме, токму овие две имиња предизвикале низа негативни реакции во редовите на владејачката партија.