Од следниот месец Грција ќе почне вакцинација и со Новавакс
Во програмата за имунизација, Грција од следниот месец ќе ја вклучи и протеинската вакцина Новавакс, соопшти генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус на денешната прес конференција, јави дописничката на МИА од Атина.
Темистоклеус објасни дека во следниот период очекуваат вкупно 474.000 дози, од кои 168.000 ќе пристигнат за 20 дена, а од почетокот на март, вакцината ќе биде достапна во конкретни центри за вакцинација.
Во однос на процесот на имунизација во Грција,Темистоклеус рече дека над 7.330.000 граѓани се целосно вакцинирани, односно 69,8 отсто од општото население и 79,3 проценти од полнолетната популација.
Од 5.816.000 граѓани кои имаат право да примат бустер доза, веќе ја примиле 83,8 проценти.
На денешната прес конференција, генералниот секретар, кој е надлежен за процесот на вакцинација во земјата се осврна и на вакцините кои Грција ги донираше на други земји или на билатерално ниво или преку Ковакс механизмот.
Вкупно три милиони дози Грција директно им донирала на Северна Македонија, Албанија, Кенија, Украина, Либија, Јордан, Руанда, Тунис, Египет, Иран, Виетнам, Гана, Габон и Босна и Херцеговина, додека пак 5,7 милиони се преку програмата Ковакс.
Ново на Сител
-
Народот на Гренланд сака да биде дел од САД, изјави Трамп
-
Израел го обвинува Хамас за две прекршувања на примирјето
-
Намалена видливост поради магла во Демир Капија, Петровец-Велес, Битола и Прилеп
-
18-годишник од Трубарево приведен за кражба на делови од комбајн
-
Прегазен пешак во Гостивар
-
Пронајден пиштол „Црвена Застава" при претрес на домот на 46-годишник
-
Најмалку 18 лица го загубија животот во експлозија на камион цистерна со гориво во Нигерија
-
Најстудено во Битола и Берово, најмногу снег на Попова Шапка