Од скопјанка со измама одземени 52 илјади денари, парите побарани за сведочење во сообраќајка
Седумдесет и седумгодишната Ѓ.Б. од Скопје вчера била измамена од две непознати лица, кои успеале да и одземат 52.000 денари.
Како што соопшти денеска МВР, Ѓ. Б. случајот вчера во 15.30 часот го пријавила во СВР Скопје. Таа пријавила дека во 09.00 часот телефонски ѝ се јавиле две непознати лица кои ја известиле дека нејзините ќерка и зет во населба Аеродром со возило прегазиле дете, при што едното лице се понудило да помогне како сведок на настанот, за што ѝ биле побарани пари.
По одредено време, на улица во населбата Гоце Делчев во Скопје пристигнало патничко возило, со скопски регистарски ознаки, во кое имало две лица, по што Ѓ.Б. на едното му дала 52.000 денари.
Подоцна Ѓ.Б. исконтактирала со нејзиниот син, по што сфатила дека е измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите