Од штрајкот на фармерите во Грција за ЕК е проблем блокирањето на грчко-бугарската граница

Европската комисија има слушнато за проблем и блокада на грчко-бугарската граница од повеќедневниот штрајк на фармерите во Грција, но не и за блокадата на јужната македонска граница од страна на истите.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, ова денеска на прес-конференција во Брисел го истакна портпаролката на Еврокомисијата, Луција Куде, запрашана за коментар на проблемот што земја-членка на Европската унија и го нанесе на Македонија, со кој земјата се најде на раб на нафтена криза.
- Бидејќи инсистирате, само ќе истакнам дека ние имаме информации од грчките и бугарските власти за тоа дека фармери ги блокираат нив, но во однос на инциденти кои ги истакнувате, ќе мораме да провериме со колегите, изјави Луција Куде, портпаролка на неформалната Влада на ЕУ.
Од ЕК побараа време за „дополнително да проверат“ што како проблем создал штрајкот на грчките фармери на Република Македонија, но изненадувачки од Комисијата што досега не забележале дека македонско-грчката граница со деновиви беше затворена за проток на луѓе и стоки.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
