Од Шпанија вратени 26 албански државјани
Албанската државната полиција информираше дека со чартер лет од Шпанија во Тирана се вратени 26 албански граѓани, поради прекршување на правилата за престој во Шенген зоната.
Меѓу депортираните е и 50- годишник баран од италијанските власти со меѓународна потерница. Станува збор за К.Ј. од Валона кој е лишен од слобода, со цел екстрадиција во Италија.
Властите во Италија го бараат за трговија со дрога,како дел од структурирана криминална група, а на шпанската полиција и дал лажни податоци за неговиот идентитет.
Според полицијата од почетокот на годинава околу 900 албански државјани се депортирани со чартер летови, од неколку европски земји, пред се, Франција и Германија. Последно беа депортирани 40 албански државјани, од кои 34 од Франција и шесттмина од Белгија, откако им е одбиено барањето за азил.
И овојпат државната полиција апелира до сите албански државјани да ги почитуваат правилата за движење во Шенген зоната и да не вложуваат никакви напори и да се изложуваат на непотребни трошоци, бидејќи Албанија се смета за безбедна земја поради што „шансите за добивање азил за албанските граѓани се еднакви на нула“.
Ново на Сител
-
Министерство за правда изрази благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски
-
МВР: Екстрадиран Љупчо Палевски, пренесен е во КПУ Затвор Скопје
-
АМСМ: Камионите се пренасочуваат од Блаце, има проблем со терминалот
-
Путин: Руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина
-
Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид