Од полноќ поевтинува горивото во Македонија
Бензините и дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати за 4,02, односно за 2,89 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66, на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 68, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 51, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 39,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 1,005 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 26,397 денари за килограм.
Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 4,86 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,035 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.
Ново на Сител
-
СДСМ не исклучува разговори и со Таравари за локални
-
Преглед на вестите од светот
-
ССМ на првомајски протест
-
Традиционален првомајски пикник
-
Oхрид за првомајските празници исполнет со гости
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе бараат ли партиите разрешување на првата антикорупционерка?
-
Тема на денот со Александар Пандов, директор на управа за извршување санкции