Од полноќ ќе има пониски цени на бензините и дизелот
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска одржува седница на која треба да бидат вкалкулирани новите изменети акцизи и стапки на ДДВ и да биде донесена одлука за намалување на цените на горивата. Новите цени, како што информираа од РКЕ, ќе важат од вечер на полноќ.
Претседателот на РКЕ Марко Билсимовски за сдк.мк, изјави дека согласно усвоените измени на законите за ДДВ и акцизи, цената на бензините ќе се намали за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари.
Собранието доцна синоќа едногласно по скратена постапка ги донесе Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и Предлогот на закон за дополнување на Законот за акцизите.
Владата, пак, врз основа на прифатените измени и дополнувања во Законот за акцизи во Собранието, донесе Одлука за определување на видот на енергенсите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата, соопшти владината прес-служба.
Со оваа одлука се овозможува да се пресметува дополнително намалување на акцизата кај безоловниот бензин, гасното масло како погонско гориво и гасното масло како гориво за греење во зависност од движењето, односно од висината на зголемувањето на цената на овие енергенти на светските берзи.
Владата донесе и Одлука за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена стапка на данокот на додадена вредност. Оваа одлука овозможува да се примени повластена даночна стапка која изнесува 10%, врз прометот и увозот на енергенти, за определен временски период во определени услови.
Ново на Сител
-
Утре нова размена на речиси 500 воени заробеници меѓу Русија и Украина
-
Изгоре автомобил во струмичкото село Банско
-
Ангелов очекува по локалните избори да профункционира институцијата која ќе ги обедини ЦУК и ДЗС
-
На Табановце се чека до половина час, а на Дојран и Богородица до 15 минути
-
До 10 илјади евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб страниците
-
Најмалку 17 лица загинаа по израелски напад во Газа
-
РТС поднесе крвична пријава поради блокада на нивни објекти
-
Во американските воздушни напади на пристаништето во Јемен загинале 74 лица