Од полноќ изборен молк во Хрватска

Во Хрватска денеска е последен ден од кампањата на кандидатите за претседателски избори пред на полноќ да почне изборниот молк.
Првиот круг од претседателските избори во Хрватска ќе се одржи в недела, 22 декември, а 3,85 милиони избирачи ќе одлучуваат кој ќе влезе во вториот круг, што е извесно дека ќе биде одржан.
Речиси сите анкети како водечки тројца кандидати ги издвојуваат актуелната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, поддржана од владејачката ХДЗ, Зоран Милановиќ, кандидат на СДП и независниот кандидат Мирослав Шкоро.
Хрватската радиотелевизија (ХРТ), според најновата анкета, објави дека во вториот круг ќе се натпреваруваат сегашната претседателка Грабар Китаровиќ со освоени 28,3 отсто од гласовите и поранешниот хрватски премиер, социјалдемократот Зоран Милановиќ со поддршка од 26,6 проценти.
Според анкетата, во случај Шкоро да помине во втор круг, би ја победил актуелната шефица на државата со разлика од 3,6 отсто од гласовите (Шкоро 48,7 проценти, а Гранар Китаровиќ 45,1 отсто). Од друга страна, додека во трката би биле Шкоро и Зоран Милановиќ, победничката разлика би била 5,6 отсто во корист на хрватскиот пејач.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
