Од патарина за пет месеци инкасирани над 31 милиони евра

Од почетокот на годинава заклучно до јуни од наплата на патарина во државава инкасирани се рекордни 1.919.775.277 денари (над 31 милиони евра), во споредба со минатата 2025 година наплатени се 21.891.532 денари повеќе, информираа за МИА од Јавното претпритијатие за државни патишта (ЈПДП).
Најфреквентна наплатна станици е Тетово по што следуваат Петровец, Романовце, Глумово, Миладиновци, Желино, Гостивар, Стоби, Кадрифаково, Преод, Сопот, Демир Капија, Отовица, Гевгелија.
Според собраните средства и цената на билетите највисоки приходи има на Романовце, по што следуваат Миладиновци, Петровец, Глумово, Желино, Тетово, Стоби, Преод, Гостивар, Сопот, Гевгелија, Кадрифаково, Отовица, Демир Капија.
- Јавното претпритијатие за државни патишта секогаш кога има зголемен обем на сообраќај на наплатните станици, а посебно во летна сезона, Одделението за наплата на патарина прави акционен план (распоред) кадешто на секоја наплатна станица на двата коридори, се пуштаат во функција сите расположливи ленти, секако подеднакво се дава и приоритет на електронска наплата на патарина (ЕНП) на MTag каде најмалку една лента е секогаш во функција - тоа се возила кои поминуваат без да застанат, и на електронска наплата на патарина MCard-тоа се возила кои немаат контакт со вработен т.е. бесконтактно поминување - велат од ЈПДП.
Учеството на електронската наплата во вкупниот промет на наплата е 36 проценти од вкупно 11 наплатни станици каде е воведена.
Од ЈПДП посочуват дека податоците за продажбата на електронски уреди и нивно надополнување, особено откако м-таг уредите се достапни и во продажните салони на операторите, покажува дека електронската наплата на патарини е зголемена за 6 проценти од вкупната таква наплата.
Од мај годинава м-таговите може да се купат и во продажната мрежа на „Македонски телеком“ и „А1 Македонија“, а претходно беа достапни само во ЈПДП или на наплатната станица Петровец.
Раководството на ЈПДП при промоцијата на можноста за купување на м-таговите кај мобилните оператори инфорираше дека се размислува за воведување на моделот на наплата на патарини како во Србија, односно затворен систем за наплата за поминати километри. За таа цел, веќе се работи на студија да се воведе ваков систем на наплата на Коридорот 8.
Од наплата на патарини минатата година (заклучно со 23 декември) беше остварен промет од 4.158.914.362 денари (67.624.624 евра)
МИА
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Берово
-

Сончево и топло, попладне услови за изолиpанa нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветeр
-

Тешка сообраќајка во Словенија, тројца Македонци загинаа
-

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош
-

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се искачи на 111, над 176.000 лица се раселени
-

Бела куќа: САД и Иран во моментот не преговараат за прекин на војната
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
