Живот
31. July 2019 - 12:49

Од овој детаљ кој осамнал на гробот на Оливер Драгојевиќ ќе роните солзи- неговата сопруга откри и кој го оставил тоа

На годишнината од смртта на легендарниот хрватски пејач Оливер Драгојевиќ неговата сопруга Весна Драгојевиќ откри како го поминала животот со пејачот, но и една година по неговата смрт.
 
Таа во тажното видео откри и еден детаљ поврзан со годишнината од неговата смрт.
 
Имено на неговиот гроб пронашла гравирана плоча со неговиот лик која го направила и донела некоја девојка од Полска која му напишала и негова посвета.
 
Весна во целото интервју кое го дава за прв пат по неговата смрт раскажува и дека се чувствува како да не умрел се уште.
 
-Јас се уште не знам дека тој е умрен, ете така се чувствувам, еве бев горе на гробот и како да сум била кај некој роднина на гробишта, можеби мозокот не ми дава да ми влезе во глава дека е починат. Јас целиот стан дома го реновирав и не можам сега да живеам од некој спомени и да ги гледам тие. Целата негова соба ја реновирав и сите работи ги спакував во кутии за во музејот, додека неговите алишта мижеечки ги ставав за да не го гледам и тоа, вели неговата сопруга.
 
Таа додава дека еден месец по неговата смрт дошло на свет нивното шесто внуче, а сето тоа тој го знаел и бил свесен за тоа.
 
-Знаеше и како ќе се вика, но не успеа да го види, вели Весна.