Од Оксфорд тврдат дека вакцината дава добар имунолошки одговор и кај постари лица
Вакцината „Ковидшилд“, развиена од „АстраЗенека“ и Универзитетот во Оксфорд, обезбедува добар имунолошки одговор кај постарите лица, иако нема доволно податоци за да се утврди точната ефикасност. Тоа го тврди еден од креаторите на вакцината во Оксфорд, Ендру Полард, додавајќи дека тој „не знае за што зборува Емануел Макрон“.
Запрашан да го коментира тврдењето на францускиот претседател Емануел Макрон дека вакцината е „квази-ефикасна“ за луѓе над 65 години, Полард изјави за радио Би-Би-Си дека „не разбирам што значи таа изјава. Поентата е дека имаме помалку податоци за постарите луѓе, поради што луѓето имаат помала доверба во нивото на заштита“.
Тој додаде дека имунолошкиот одговор кај постарите луѓе е многу сличен на оној кај помладите.
– Заштитата што ја гледаме оди во иста насока, таа е слична по интензитет, додаде тој.
Ново на Сител
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Тема на денот со Горан Марковски, декан на Градежниот факултет
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Вештачката интелигенција од септември ќе се применува во средните училишта во Македонија
-
Детска болница Козле доби вода
-
Болницата во Козле и денеска без вода – од Водовод велат проблемот е на болницата, не нивен
-
Продолжен рокот за пријавување на волонтери за гаснење пожари
-
Мицкоски предлага заедничка резолуција на Бугарија