Од невремето штета од 15.000 евра на пругата кај Тетово
Петнаесет илјади евра изнесува штетата на железничката пруга Скопје-Тетово-Кичево во деловите што беа зафатени со невремето пред четири дена, покажуваат првичните проценки на Јавното претпријатие МЖ Инфраструктура.
ЈП МЖ Инфраструктура денеска соопшти дека нивни екипи се на терен и интензивно работат на целосно регулирање, расчистување на последиците и оштетувањето на пругата.
Невремето во тетовскиот регион кај делот на Поројска река го отежна нормалното одвивање на железничкиот сообраќај кон Кичево. Обилните наноси на камења, земја, дрвја и кална предизвикаа неколку часовен прекин на сообраќајот на пругата Ѓорче Петров–Кичево, неполни два километра пред Тетово.
Со вонредни напори на механизацијата и екипите на ЈП МЖ Инфраструктура успешно беше отстранет големиот нанос од камења, земја, дрвја и кал и сообраќајот повторно беше нормализиран, кој поради претпазливост се одвиваше со намалена брзина од дозволената, се вели во соопштението од ЈП МЖ Инфраструктура.
Ново на Сител
-
Надворешно-политичките, безбедносните, одбранбените и економските предизвици на ЕУ главни теми на овонеделната сесијата на ЕП
-
Во Лондон дводневен Самит за борба против шверцот на мигранти
-
Трамп: Ако Зеленски не го прифати договорот за ретки минерали може да биде „во голема неволја
-
Променливо облачно, попладне наместа со пороен дожд
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот