Живот
7. July 2015 - 14:37

Од неговата жена очекувал петорка, а на денот на пораѓање доживеал голем шок!

 
Брачна двојка од Канада била пресреќна откако дознала дека наскоро ќе имаат деца. Момчето мислело дека ќе стане татко на 5 деца, но наместо тоа доживеал навистина непријатно изненадување. 
 
Имено, девојката која му кажала дека е бремена и чиј стомак пораснал, воопшто и не била трудна, а тоа го дознале кога отишле во болница за да се породи.
 
Девојката цели 34 недели била убедена дека е бремена, а не билa единствена. Целото маало мислело дека таа е бремена и на свет ќе донесе 5 деца, па донирале пари и облека.
 
Но, таа воопшто не била бремена. Докторите и објасниле дека имала „лажна бременост“. Тоа е психичкко пореметување, кое се случува кога жената верува дека е бремена, а и нејзиното тело почнува така да се однесува. Затоа и нејзиниот стомак пораснал, имала утрински болки, дури имала и млеко.
 
Несреќната девојка сега е на психијатарско лечење, бидејќи тоа е единствен начин да се врати во нормален живот.