Живот
8. January 2019 - 17:22

Од неговата соба на стравот никој не излегол жив: Платениот убиец на Ел Чапо тука вршел сурови егзекуции

Сведок на судењето на наркобосто Ел Чапо Гузман изјави дека еден негов платен убиец имал „посебна соба за убиства“ во која извршувал страотни ликвидации.

Едгар Галван (41) изјави во понеделникот на суд дека убиецот Антонио „Јагуар“ Маруфо имал соба која била звучно изолирана „за да не се слушаат звуците надвор“ и опремена со одвод на подот за брзо чистење.

„Ме одведе во една куќа, каде подот беше целиот бел, поплочен. Тука ги убиваше луѓето. Од куќата никој жив не излегуваше надвор“, сведочење Галван.

Галван, кој бил возач на такси, станал пријател со Маруфо во 2007 година после разводот. На судењето сведочел дека се зближиле, а платениот убиец станал негов „пријател за излегување“.

Наскоро почнал да живее во Ел Пасо во Тексас и работел за Маруфо, кој го контролирал Хуарез за Синалоа картелот на Ел Чапо, пренесе Њујорк пост. Галван рече дека Маруфо му помогнал да префрли оружје преку границата за „чистење“ на ривалските картели во мексиканскиот град Хуарез.

Тој сведочеше дека „чистење значело убивање на сите луѓе“ за да може Ел Чапо да преземе контрола над тоа подрачје. Се уште не е познато дали таа куќа се наоѓала во Мексико или Тексас, како и колку луѓе таму се ликвидирани.

Според зборовите на сведокот, тој никогаш не пукал, иако во два наврати добил пиштол за да изврши злосторство. На фотографијата која е прикажана на суд се гледа Галван како позира со пушка во некоја куќа.

Уапсен е 2011 година, по 4 години работа за картелот. Главан се изјаснил за виновен за поседување наркотици и огнено оружје и отслужил 8 години казна од 24. Маруфо моментално се наоѓа во мексикански затвор. Продолжува судењето на Ел Чапо, кој се изјасни дека не е виновен.