Од насилна смрт лани починале 513 лица

Од насилна смрт лани во Македонија починале 513 лица, што е за 4,1 процент повеќе во однос на 2014 година. Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 2,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, како и во претходните години, и во минатата година поголемо учество (72,1 процент) имаат машките лица.
Во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат „несреќните случаи" со 70,4 проценти, потоа „самоубиствата" со 22,2 проценти и „убиствата" со 7,4 проценти. Во категоријата „несреќни случаи", најголемо учество (29,2 проценти) имаат умрените лица од „други надворешни причини за случајна повреда".
Во категоријата „самоубиства", случаите кај коишто смртта настапила поради „бесење, странгулација и суфокација" имаат најголемо учество со 13,6 проценти.
Во категоријата „убиства", пак, доминантна причина за смрт е „oбид за нанесување телесна повреда со истрел од друго и од неозначено огнено оружје" со учество од 3,7 проценти во однос на вкупниот број на случаи на насилна смрт.
Ново на Сител
-

Преговори за Изборниот законик
-

Нови лекови на позитивната листа
-

Почна пријавувањето на штетите од пожарот во Пробиштипско
-

Производителите на пченица бараат да запре увозот
-

Преглед на вестите од светот
-

Ќе има ли договор за Изборниот законик?
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
