Од коронавирусот починале 910 лица, од кои 908 во Кина, заразени над 40.000
Кинеската национална здравствена комисија соопшти дека од вчера до денеска бројот на починати од епидемијата на коронавирус е зголемен на 910, од кои само во Кина починале 908. Со овие најнови податоци, наведува комисијата, жртвите на новиот тип на коронавирус ги надминаа оние од епидемијата на САРС, која во 2002-2003 година зеде 774 жртви.
Според Светската здравствена организација, бројот на заразени се стабилизира, но е прерано да се каже дека пикот на епидемијата е минат.
Бројот на смртни случаи од коронавирусот во кинеската провинција Хубеи, изворот и жариштето на епидемијата, веќе достигна 871 лица, пренесоа британските медиуми.
Во Хубеи само во последните 24 часа се регистрирани 2.618 нови случаи на заразени со вирусот, со што вкупниот број на заразени во провинцијата достигна 29 631.
Поголем дел од новите смртни случаи се во градот Вухан, каде почна епидемијата на коронавирусот. Градските власти соопштија дека вчера во него починале 73 болни. Вкупниот број на смртни случаи во Вухан достигна 681.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот