Од јануари повеќе работници во индустријата
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - септември 2016 година, во однос на јануари - септември 2015 година, бележи раст од 0,5 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци во септември годинава во однос на септември лани бројот на работници бележи намалувње од 0,9 отсто.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година бележи пораст од 2,7 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1,2 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0,3 отсто.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година бележи опаѓање кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,2 отсто, бележи пораст кај Енергија за 2,4 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,7 отсто, капитални производи за 7 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 3,9 отсто.
Ново на Сител
-
Корупцијата и организираниот криминал имаат силно влијание врз независното функционирање на институциите и државата
-
Водостојот на Охридското езеро продолжува да опаѓа
-
Преглед на вестите од светот
-
Партиски препукувања за реформите во правосудството согласно планот за раст
-
Тема на денот со Дејан Мираковски, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“
-
Tрамп со порака против независна Палестина
-
Експерти: Системската корупција е најголема безбедносна закана за државата
-
Филипче реагира на изјавата на Мицкоски