Од идниот месец во Македонија органски сертифицирани семиња за преку 100 сорти
Повеќе од 100 сорти органски сертифицирани семиња на градинарски, лековити, зачински култури, жита и цвеќиња ќе бидат достапни на македонскиот пазар од март годинава.
Ова е предвидено со Договорот што го потпишаа дистрибутерот „Евгени“ и швајцарскиот производител „Сатива Реинау“.
Според сопственикот на „Сатива Реинау“ Амадеус Шунке, во Македонија постојат одлични услови за производство на органски производи, но и за производство на квалитетен семенски материјал.
- Лани направивме пробно производство на органски грав од сортите „ред кидни“ и „борлоти“ за швајцарскиот пазар, за да видиме дали се погодни за производство во Македонија. По одличните резултати и приноси, одлучивме оваа година да воведеме нови производи и култури и да вклучиме повеќе земјоделци, како и да видиме која е можноста за локално производство на семенски материјал, изјави Шунке кој веќе остварил, како што додаде, и контакти за пробно производство на семиња за пченка и неколку сорти грав атрактивни за странските пазари.
Драган Гечески од компанијата Евгени смета дека досега органските семиња беа недостапни на македонскиот пазар, а органските производители се снабдуваа со нетретирани семиња или набавуваа семиња по сопствени канали. - Со овој Договор го надминуваме тој проблем и на домашниот пазар ќе понудиме разновиден семенски материјал со врвни карактеристики. За почеток ќе понудиме две програми: професионална - за органски производители во поголеми количини и хоби програма - за производство во домашни услови, истакна Гечески.
Соработката на „Евгени“ и „Сатива Реинау“ е реализирана во рамки на активностите за унапредување на пазарот на органско производство во Македонија на швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ). Во следниот период, со поддршка на ИМЕ, ќе се разгледаат и можностите за заштита и комерцијализација на одредени автохтони семенски сорти од Македонија.
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори