Од Грција за Португалија заминаа 25 деца бегалци без придружба
Од Атина за Лисабон денеска заминаа првите 25 деца бегалци без придружба, од вкупно 500 колку што е планирано да прими Португалија.
Станува збор за 19 деца од Авганистан, четири од Египет и по едно од Гамбија и Иран кои досега беа сместени во камповите на островите Лезбос, Самос и Хиос, а се дел од групата од вкупно 500 деца кои од Грција ќе започнат нов живот во Португалија, јави дописничката на МИА од Атина.
Алтернативниот министер за цивилна заштита на Грција Јоргос Кумуцакос, надлежната во грчката Влада за заштита на децата бегалци без придружба Ирини Агапидаки и амбасадорката на Португалија во Грција Хелена Паива, ги испратија децата од атинскиот аеродром.
Во рамките на европскиот план за релокација на 1.600 деца бегалци без придружба од Грција во земји од ЕУ, утре, за Финска ќе заминат 25 деца.
Кумуцакос рече дека паралелно со планот за децата бегалци без придружба, се спроведува и програмата за доброволно враќање на мигрантите во нивните земји на потекло.
-Ги мотивираме барателите на азил кои се наоѓаат на островите, а стигаа во Грција до 1 јануари 2020 година, со одредена финансиска поддршка да се вратат во нивните татковини. Планираме првиот лет од оваа програма тешка за спроведување, да биде од Грција за Ирак во следните седмици, рече Кумуцакос.
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен: ЕУ ќе ги спроведува дигиталните правила без оглед на тоа кој е сопственик на компаниите
-
Допис на епископот Стојанов по повод упокојувањето на папата Франциск
-
Папата Франциско ќе биде погребан најдоцна за девет дена, соопшти Ватикан
-
Писмо од скопскиот бискуп Киро Стојанов по повод упокојувањето на папата Франциск
-
По смртта на папата, Римокатоличката црква влегува во период на „празна столица“
-
Ѕвоната на катедралата Нотр Дам заѕвонија 88 пати
-
Пожар во стан во Скопје, сопственикот се здобил со изгореници
-
Тројца жители на Конопница од тераса турнале сограѓанин