Од годинава кофинансирање на каматите за одобрените ИПАРД инвестиции
Кофинансирање на каматите за одобрените инвестиции од ИПАРД Програмата, е новата мерка што ќе почне да се реализира годинава, покрај постоечките за поддршка на млади лица за почнување земјоделска дејност, за подигнување нови повеќегодишни насади, за набавка на добиток, пчелни матици и опрема, за системи за наводнување капка по капка,...
Како што информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, помошта се однесува на кредити кои имаат годишна каматна стапка до најмногу осум отсто за инвестиции финансирани од ИПАРД не повисоки од 500.000 евра.
Субвенцијата е 50 проценти од висината на каматната стапка на годишно ниво.
- Оваа мерка ќе се спроведе по донесувањето на соодветниот правилник кој е во фаза на подготовка. Земјоделците, по склучувањето на договорот за кредит со банките, до Платежната агенција треба да достават барање со документација за исполнетост на условите, објаснуваат од МЗШВ.
Ново на Сител
-
Хотелите се полнат со семинари и свадби
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Кој ги заклучил вратите во „Пулс”? - СДСМ со обвинувања за селективност во истрагата
-
Арсовска добила нови закани, Мицкоски повика МВР и ОЈО да постапат по пријавите
-
ЛДП поднесува предлог-закон за една изборна единица и отворени листи
-
Филипче бара фокус на ЕУ агендата
-
ВМРО-ДПМНЕ за модуларните