Македонија
24. September 2015 - 10:30

Од Гевгелија кон Табановце вчера заминале 3.400 мигранти

Според евиденцијата на Меѓународниот Црвен крст и невладините организации, во текот на вчерашниот ден од прифатниот камп во Гевгелија кон Табановце заминале 3.400 мигранти.

Како што јави дописникот на МИА, како превозни средства мигрантите ги користеле специјалните возови на Македонски железници, со кои патувале повеќе од 2.000 луѓе, а останатите патот од Гевгелија до Табановце го продолжиле со автобуси и такси возила.

Екипите на Меѓународниот Црвен крст во текот на вчерашниот ден извршиле 317 медицински интервенции, од кои во два случаи пациентите биле пренесени на третман во гевгелиската болница. На мигрантите им биле поделени 150 пакети со храна и вода, 60 ќебиња, 40 памперс пелени и 7 пакети со бисквити.