Од есен нова инвестиција од 36 милиони евра во индустриската зона Штип, вработувања за 150 лица

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека од есен се очекува да биде поставен камен темелник на новата инвестиција во индустриската зона во Штип. Како што напомена, станува збор за фабрика која ќе вработи до 150 луѓе и ќе инвестира околу 36 милиони евра.
Тој информираше дека станува збор за фабрика за производство на бактерии, која е по потекло од земја од Европската Унија.
-Во текот на вчерашниот ден, во разговор со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, информиравме дека имаме нова инвестиција која е потврдена во индустриската зона во Штип, која во својот пик за три години од денеска ќе извезува 300 милиони евра, кои ќе влезат во БДП. Ова е веќе договорено со инвеститорот, рече Мицкоски на денешната прес-конференција, одговорајќи на новинарско прашање.
Како што рече, од есен би требало да се постави камен темелник, а веќе се потпишува договорот со Технолошко-индустриско развојните зони.
Прашан во однос на проекциите поврзани со економскиот раст, Мицкоски одговори дека се работи на оваа тема, посочувајќи дека се добри резултатите во рамките на Адриа регионот и се надева дека и во вториот квартал вака ќе продолжи.
-Со Министерството за финансии сме на истиот став, во однос на она што се предвидува. Работиме силно на таа тема. Добри се резултатите во рамките на регионот на Адриа. Конечно после години стагнација и цврсто заковани на дното, сега сме први. За многу кратко време се консолидираат работите. Позади нас се Хрватска со 2,9 проценти, Босна и Херцеговина, Црна Гора па се до Словенија. Се надевам дека и во вториот квартал така ќе продолжи. Првите индикатори од април и делумно од мај се во таа насока, така што тоа би претставувало еден добар тренд и тоа значи дека конечно се консолидираме, појасни Мицкоски.
Ново на Сител
-

Новиот закон за ДДВ на пратки до 22 евра нема да ги удри по џеб граѓаните туку шпедитерите
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Алиу: Кај 10 пациенти без потреба направени кардиохируршки операции
-

Мицкоски уверува во стабилна коалиција, ВРЕДИ најавува зголемување на мнозинството
-

Почна собраниската расправа за буџетот 2026
-

Судиите со писмо до Мицкоски: Премината е границата на добро однесување
-

Град Скопје забрани домаќинствата и фирмите да фрлаат ѓубре од 22 навечер до 6 наутро
-

Преглед на вестите од светот
