Од денеска „Звуците на културата“ во Ѓорче Петров
Во општина Ѓорче Петров од денеска по до недела првпат ќе се одржи манифестацијата „Звуците на културата“, на која ќе настапат многу познати музички имиња, играорни групи, млади таленти и баскер артисти.
Покрај активностите на главната бина, информираат од Општината, ќе има и детско катче, театар на сенки, работилници, хуманитарни акции, базар на ракотворби, локални производи и деликатеси, како и филмски проекции. Во недела ќе биде прикажан и филмот „Исцелител“ на Ѓорче Ставревски.
Манифестацијата ќе се одржува во реонскиот парк во Ѓорче Петров, а програмата секој ден ќе почнува во 17:30 часот и ќе трае се до доцните вечерни часови.
Меѓудругите ќе настапат и Летечки пекинезери, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Кристина Арнаудова, Миле Кузмановски, Токсиколози, Бени и Нон Стоп, Куку Леле, Тони Зен, Ласт Експедишн, Мугер Фугер, мјузиклот Коштана, ПМГ Колектив, Милко,..
Ново на Сител
-
М. Брод останува една од најеколошките општини - повторно целосно возобновена пречистителната станица
-
Доцнат дрвата за огрев за штипските пензионери
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила