Од денеска задолжително носење зимска опрема во возилата

Од денеска почнува да важи обврската за задолжително носење зимска опрема во возилата, која ќе трае до 15 март наредната година.
Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелираат возачите да ги почитуваат законските прописи и да обезбедат соодветна зимска опрема со цел безбедно и непречено патување при зимски услови на патиштата.
Зимските пневматици се оние кои на својата бочна страна имаат ознака: „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. Тие се погодни и безбедни за сите температури под седум степени целзусови.
Под зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 килограми, се подразбираат зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите од четири милиметри (4 mm) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите од четири милиметри (4 mm) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 х 4) се подразбираат зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите од шест милиметри или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите од најмалку четири милиметри. Синџири за снег потребно е да поседува секое возило со пневматици со летен профил, и притоа, во случај кога возилото е во постојан погон, синџири за снег треба да има најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да има најмалку на постојано вклучената осовина.
Зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 килограми, подразбира: зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите по обем и широчина од шест милиметри или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите по обем и широчина, со минимум од четири милиметри (4 mm) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала. Автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала, потребно е да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.
-Во случај кога се користат зимски пневматици не постои обврска за поседување на синџири за снег. Обврската за користење на зимска опрема се однесува за сите возила кои учествуваат во сообраќај на пат независно дали е тоа во населено или надвор од населено место. Комбинацијата, односно истовремена употреба на зимски и летни гуми е исклучително опасна бидејки го нарушува процесот на управување на возилото, а посебно ја нарушува траекторијата на движење и запирање на возилото, велат од РСБСП.
Ново на Сител
-

За десет месеци албанската полиција уништила над 200 илјади стебла марихуана
-

Казахстан ремизираше со Белгија, македонската репрезентација има теоретски шанси за директен пласман на СП
-

Support Kocani ја реализира четвртата пратка компресивна облека
-

Собраниската комисиска расправа за Предлог-буџетот продолжува в понеделник
-

Судството во 2025 г. имало за 6 милиони евра поголеми плати, тие бараат уште плус 22 милиони евра повеќе
-

На две различни локации во водите на Охридско езеро пронајдени се четири неексплодирани експлозивни направи
-

Продолжуваат ноќните меѓусебни напади помеѓу Украина и Русија
-

55-годишник при извршување земјоделски работи во Нов Дојран пронашол три експлозивни направи
