Од денеска задолжителна маска за сите во супермаркетите во Грција
За вработените и потрошувачите во супермаркетите во Грција, од денеска е задолжително носењето маска, а во спротивно, предвидена казна од 150 евра, јави дописничката на МИА од Атина.
Во Грција, првпат се воведува оваа мерка, со оглед на тоа дека во првата фаза од укинувањето на рестрикциите и карантинот на почетокот на мај, за супермаркетите, маската беше задолжителна само за вработените што работат со прехранбени продукти кои не се спакувани, а не и за клиентите. Единствено досега, постоеше препорака за носење.
Министерот за развој и инвестиции на Грција Никос Папатанасис, говорејќи за грчката телевизија „Скај“ рече дека не е тешко да се спроведе мерката и упати апел до супермаркетите да имаат на располагање маски, во случај некој од муштериите да нема.
Министерската одлука објавена синоќа во Службен весник на Грција е во сила до 26 јули.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
