Македонија
26. May 2020 - 16:32

Од денеска со работа почна зоолошката градина во Скопје

По два и пол месеци пауза поради коронавирусот, Зоолошката градина повторно ги отвори вратите за посетителите.

Поради неповолните временски услови , малкумина беа оние кои решија денес да дојдат и да ги видат животните.

Освен носење маски и оддржување дистанца, граѓаните ќе треба да се придржуваат и кон други правила.

Оние посетители кои дождот не ги предомисли да дојдат, во главно ги почитуваа мерките.

Зоолошката градина ќе работи од 9 часот наутро до 16 часот попладне.