Од денеска почнува исплата на правата од социјална заштита за октомври
Министерството за труд и социјална политика информира дека од денеска почнува исплатата на правата од социјална заштита за октомври и тоа гарантирана минимална помош ГМП, социјална парична помош-ретроактивна исплата, постојана парична помош-ретроактивна исплата, туѓа нега, еднократна парична помош, мобилност и слепило, социјално домување, социјална сигурност-социјална пензија, парична помош за згрижувач и паричен надоместок за згрижувачко семејство.
Исплатата ќе се спроведе во три групи, во филијалите и експозитурите на банките, согласно утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето. Денеска ќе се врши исплата за правата на лицата чии презимиња почнуваат на А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, во понеделник за лицата со презиме кое почнува на И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О, а во вторник за лицата чие презиме почнува на буквите П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска.
Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.
Ново на Сител
-
Нови технологии за производство на чиста и здрава вода за пиење
-
Пратенички прашања во Собранието
-
Левица: Семејно насилство да се гони по службена должност
-
Владата се договори со банките
-
Синдикатите не се откажуваат од барањето за минимална плата од 450 евра
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон