Од денеска ограничување на цената на руската нафта, но и забрана за увоз во ЕУ
Одлуката за ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел значи дека таа ќе може да се продава на трети земји користејќи танкери на земјите од Г7 и од ЕУ и да се користат нивните осигурителни компании и кредитни институции, само ако нафтата се продава по цена под 60 долари
Денеска стапи на сила ограничувањето на цената на руската нафта од 60 долари за барел договорено од ЕУ, Г7 и Австралија, како и забраната за увоз на руска нафта во ЕУ, со неколку исклучоци.
Одлуката за ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел значи дека таа ќе може да се продава на трети земји користејќи танкери на земјите од Г7 и од ЕУ и да се користат нивните осигурителни компании и кредитни институции, само ако нафтата се продава по цена под 60 долари.
Бидејќи клучните светски транспортни и осигурителни компании се лоцирани во земјите на Г7, ограничувањето на цената може да и отежне на Москва да продава нафта за повисока цена, проценува Ројтерс.
Но, Москва рече дека нема да ја почитува одлуката, дури и ако треба да го намали производството.
Александар Новак, потпретседателот на руската влада задолжен за енергетика, рече „работиме на механизми за забрана на употребата на инструментот за ограничување на цените, без оглед на нивото на кое е поставено, бидејќи таквото мешање може дополнително да го дестабилизира пазарот“.
Русија не прифаќа ограничување на цената на нафтата
Украина, пак, повика на цена од 30 долари за барел. Но, Западот стравува дека премногу ниската цена може да доведе до тоа Русија да ја повлече суровата нафта од пазарот, што ќе доведе до голем скок на цените.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ограничувањето на цената на руската нафта на 60 долари не е сериозно и тешко дека ќе ја одврати Русија од војната во Украина
Андриј Јермак, шефот на администрацијата на Зеленски, претходно рече дека границата треба да се постави на 30 долари „за побрзо да се уништи непријателската економија“.
Зеленски се пожали дека светот покажал слабост поставувајќи ја границата на 60 долари, што според него ќе го зголеми буџетот на Русија за 100 милијарди долари годишно.
Ограничувањето ќе го разгледуваат замјите од ЕУ и од Г7 на секои два месеци.
По ЕУ, и Австралија и Г7 ја ограничија цената на руската нафта на 60 долари за барел
Ембаргото на ЕУ за увоз на руска нафта беше договорено во јуни како дел од пакетот санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина.
Исклучоците се однесуваат на Унгарија, Словачка и Чешка, три земји-членки на ЕУ кои се особено зависни од руската нафта поради нивната географска локација и неможноста да го заменат овој увоз за кратко време.
За два месеци, на 5 февруари, стапува на сила ембаргото за нафтени деривати.
Ново на Сител
-

Мицкоски на пуштање во употреба на реконструираната обиколница Крива Паланка
-

Претежно сончево со мала до умерена облачност
-

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност
-

Пезешкијан го осуди американско-израелскиот напад врз иранско основно училиште
-

Нетанјаху: Постојат многу знаци дека врховниот лидер на Иран повеќе не е жив
-

Двајца играчи на КК Партизан „заглавени“ на аеродром во Дубаи
-

Русија и Катар повикуваат на прекин на воените дејствија
-

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 200 луѓе загинале во американско-израелските напади
